Во текот на ноември. 2018, наставниците Шпетиме Даци и Билјана Миновска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секција Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците изработија разни изработки користејќи материјали од пластика. Преку овие активности учениците истовремено се здружија, уживаа и рециклираа.

Цели на оваа активност се:  поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.