Во текот на јануари. 2019, наставниците Шпетиме Даци и Билјана Миновска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Рециклирање” од Секција Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.
Учениците користеа стаклени материјали како тегли, амбалажи од производи, итн. и со нив создадоа разновидни изработки.
Цели на оваа активност се: поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.