По повод одбележувањето на крајот на првото полугодие и новогодишните празници, на 25 декември НДЦ Скопје организираше новогодишна програма за учениците од 1-5 одделение при ОУ Гоце Делчев- Конче кои се вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование. Програмата ја проследија и наставниците кои се директни реализатори на програмите за интегрирани воннаставни активности како и нивните колеги од училиштето. На настанот беа присутни и родителите на учениците. Новогодишната програма беше реализирана од магионичар кој успеа да ги воодушеви учениците со неговиот несекојдневен перформанс.