Основачот на Нансен Центрите за Дијалог, г-дин Стајнер Брин и извршниот директор на Нансен за Дијалог Центар Скопје г-дин Ветон Зеколи беа поканети да одржат презентација на Симпозиумот за градење мир – SMABY организиран од Hubert H. Humphrey School of Public Affairs.

Симпозиумот за градење на мир – SMABY обединува практичари и организатори од целиот свет за да ги споделат своите приказни и да им дадат на учесниците чувство за широк спектар на активности и рамки за градење мир кои се појавија од различни локалитети.

Овој симпозиум ќе воведе различни начини на размислување за градење на мир и како да ги примениме идеите во нашите сопствени заедници, како и нови алатки, ресурси и начини на размислување за градење мир и правда.

Предавањето на д-р Стајнер Брин и Ветон Зеколи од Мрежата за Дијалог Нансен се засноваше на: Како да се изгради единство во поделени општества? Оваа презентација ќе се фокусира на тоа како се градел концептот за  Нансен Центрите за Дијалог во Лилехамер, Норвешка, како последица на Зимските олимписки игри 1994 година и како одговор на војната што се водеше во европскиот град Сараево, поранешен олимписки град. Концептот на Нансен Центрите за Дијалог  инспирираше илјадници луѓе во Западен Балкан и методологијата ги инспирираше луѓето во Украина, Русија, Ерменија, Азербејџан и Јужна Кореја.