Во текот на октомври 2018. година, наставниците Мерита Исмаjловска и Валентина Босилковска со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема Сообраќајни знаци од Сообраќајната секција на Програмата за воннаставни интеркултурни активности.
Во текот на овие активности учениците имаа можност преку различни игри да ја разработат темата: Знаци за известување, предупредување, опасност и да научат повеќе за сообраќајните знаци и нивното значење.
Цели на оваа активност се: оспособување на учениците за самостојно препознавање на значењето на сообраќајните знаци, развивање одговорен однос и навика за почитување на поставените сообраќајни знаци, воведување на учениците во основите на симболичката писменост, продлабочување на конструктивните соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници, како и развивање логичко, флексибилно, дивергентно и критичко мислење кај учениците.