На 31 октомври 2018. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“, с. Борино, реализираа дневна активност Сообраќајни знаци од секцијата Сообраќај  во рамки на годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за второ одделение.

Цели на активноста се проширување на предзнаењата на учениците за различни категории сообраќајни знаци, оспособување на учениците за самостојно препознавање на значењето на сообраќајните знаци и развивање одговорен однос и навика за почитување на поставените сообраќајни знаци.