На 23. април 2019. година, наставниците Спасиче Николовска и Исниша Салиоски од подрачното училиште „Никола Карев“ с. Борино,  со учениците од второ одделение ја реализираа активноста “Едрeник” во рамки на месечната тема “Сообраќајот некогаш” од Сообраќајната секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста започна со воведна игра а потоа учеците поделени во парови имаа задача да осмислат и сликовно да претстават како некогаш изгледале и се движеле бродовите кога се ползувала силата и јачината на ветерот. Секоја пар направи едреник и на крај нивните изработките се изложија во училницата.

Цели на активноста се: поддржување на детскиот интерес и љубопитност за проучување на обележјата на сообраќајот во минатото, развивање на навиката кај учениците за користење детски енциклопедии како и сензибилизирање на децата за препознавање на каузалната врска меѓу етапите во развојот на сообраќајот.