На 27 Септември 2012 година, претставничката на НДЦ Скопје- Мирлинда Алемдар учествуваше на состанокот инициран од страна на Претставничката на Ирското претседателство на ОБСЕ и Министерка за Европски прашања во рамките на Ирската Владата г-ѓа Лусинда Крејгхтон. Средбата беше организирана од страна на амбасадорот на ОБСЕ во Скопје г-дин Ралф Брет. Целта на состанокот беше да се споделат информации и тековните програмски активности од страна на невладините организации кои работат во областа на образованието, човековите права, слободата на медиумите и нивната општа оценка за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.

Оваа средба беше важна за размена на информации и да се слушнат перспективите на НВО секторот. Важноста исто така се должи на фактот дека на 1 јануари 2013 година Ирска ќе го превземе претседателството на Европскиот совет по седми пат кој ќе се совпадне со 40-годишнината на пристапувањето на Ирска во ЕУ.