На 30 октомври 2014 , извршниот директор на НДЦ Скопје г-дин Сашо Стојковски оствари средба со претставници на Здружението Пиколо Фиоре од Италија. Претставниците изразија интерес за средба со НДЦ Скопје, со цел да се увидат можностите за идна соработка и размена на искуства меѓу двете организации, особено во областа на образовните програми. Здружението Пиколо Фиоре, е основана во 1984 година со цел поддршка на хуманитарната организација Домус Летиције. Активностите на здружението се насочени кон активности кои ја поддржуваат социјалната солидарност, главно во областа на инклузијата и поддршката на лицата со посебни потреби. Здружението има блиска соработка со други групи и волонтерски организации во локалната заедница и е член на Социјалниот совет на волонтери за  градот Биела, Италија.