Извршниот директор на НДЦ Скопје, Ветон Зеколи, оствари низа конструктивни и плодни работни средби со партнерските институции и организации во Норвешка.
Реализирано е предавање со студентите од Нансен академија, Лилехамер, посветено на темата: Важноста на интеркултурното образование за градење на демократска држава.
Работен состанок е оддржан и со директорката на Вергеланд Центарот, Осло, Ана Перона-Фјелдстад, при што беа споделени искуствата и добрите практики на двете организации.
Продуктивна средба е организирана со пратеник и член на Комитетот за надворешни работи на норвешкиот парламент, Даг Инге Улстеин.