На 15 април 2015, НДЦ Скопје беше домаќин на група професори и студенти по историја на универзитетот Гронинген од Холандија. Студентите и професорите ги следеа презентациите подготвени од Сашо Стојковски – извршен директор на НДЦ Скопје, Ветон Зеколи – проект менаџер и Мирлинда Алемдар – координатор за односи со јавноста.

Посетителите имаа прилика да чујат повеќе за историјата на НДЦ Скопје, програмата за дијалог и помирување, Нансен моделот за интегрирано образование како и функцијата и целите на Тренинг центарот за интегрирано образование. Претставниците на НДЦ Скопје го споделија своето искуство и перспективи во однос на интегрираното образование како алатка за дијалог и превенција од конфликт.