(02.12.2010)На 02.12.2010 год. ИДОУ и ИДСУ беа посетени од страна на 40 студенти од трета студиска година од Педагошките факултети во Штип и Тетово,  кои заедно со нивните одговорни професори, како и амбасадорка на ОБСЕ г-ѓа и Наталиа Дрозд , претставниците на ОБСЕ: Е. Симоновска-Јаначковска и Ј.Шустередер  и вработените во локалните невладини организации: Среќен живот и Аурора присуствуваа не презентацијата на моделот на интегрирано, двојазично образование во Р.М.

Гости на презентацијата воедно беа и директорот на ООУ Гоце Делчев-Штип и З. Сурев од ЗПР-Штип  кои беа заинтересирани за добивање на подетални информации за методологијата на работа во ИДОУ.

Престојот во ИДОУ и ИДСУ беше одлична прилика за промоција на специфичностите и придобивките на проектот пред идните генерации на педагози и одделенски наставници.

На 10.12.2010 год. ИДОУ и ИДСУ ги посетија студентите од трета и четврта студиска година коишто се редовно запишани на Филозофски (Институт за педагогија и Институт за социјална работа и политика) и Педагошки факултет од Скопје.

Студентите заедно со претставниците од ОБСЕ, НВО Сумнал, НВО Отворена порта, НВО Аурора и НВО Среќен живот имаа можност да се запознаат со придобивките на интегриран двојазичне модел на образование, како и да ги посетат и двата објекти во с. Прељубиште во кои се изведува овој вид на настава.