Во текот на ноември 2018. година, наставниците Мерита Исмаjловска и Валентина Босилковска со учениците од второ одделение ги реализираа активностите: Автомобили, камиони и автобуси, На автобуска станица, На железничка станица, и Како сме безбедни во сообраќајот во рамки на месечната тема Сувоземен сообраќај од Сообраќајната секција.

Во текот на овие активности учениците имаа можност да ја посетат автобуската и железничката станица и да дискутираат за нивното значење и начинот на патување, да слушаат предавање во врска со безбедноста во сообраќајот од претставник на МВР, како и да изработат сообраќајни средства со различни материјали.

Цели на овие активности се проширување на предзнаењата на учениците за сообраќајните средства, оспособување на учениците за самостојно движење по сообраќајница, продлабочување на конструктивните соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници, како и развивање логичко, флексибилно, дивергентно и критичко мислење кај учениците.