На 20 октомври 2011 година  на свечен начин  беше означен почетокот на проектот “Нансен модел за интегрирано образование” во ООУ “Рајко Жинзифов” општина  Чаир, Скопје. На настанот освен родителите, учениците и наставниците присуствуваа и заменик  Претседателот на Владата на Р.М-  Муса Џафери, Министерот за образование и наука Панче Кралев, заменик Mинистерот за образование – Сафет Незири,  градоначалникот на општина Чаир – Изет Меџити, Високиот Комесар за национални малцинства при ОБСЕ – Кнут Волебек, Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија –  Ралф Брет,  Директорот на Нансен Диалог  Мрежата- Стајнер Брин, извршниот директор на НДЦ Скопје – Сашо Стојковски како и училишната управа и тимовите на наставници и професори од интегрираните училишта во општина Јегуновце, Струмица и Василево. Присутните имаа прилика да ги проследат обраќањата на директорот на училиштето, извршниот директор на НДЦ Скопје, Високиот комесар за национални малцинства, Заменик Министерот за образование и Градоначалникот на општина Чаир. По повод означувањето на почетокот на проектот, учениците од двете паралелки кои се опфатени со  проектот приредија кратка културно уметничка програма.

Присутните ја поздравија иницијативата и изразија задоволство за започнувањето на проектот кој досега има покажано исклучителни резултати во општините каде што се имплементира.

По завршувањето на настанот следуваа изјави за медиумите.

Истиот ден, по повод посетата на Високиот комесар за национални малцинства, канцеларијата на НДЦ Скопје организираше работен ручек со дел од реализаторите на воннаставните активности и директорите на училиштата каде што се имплементира проектот “Нансен модел за интегрирано образование”. На состанокот исто така присуствуваше амбасадорот на ОБСЕ во Македонија и дел од тимот на НДЦ Скопје. Работниот ручек беше одлична прилика за споделување на позитивните искуства и предизвиците поврзани со реализацијата на интегрираните воннаставни активности.

НДЦ Скопје исто така беше домаќин на тркалезната маса на тема “Предностите и предизвиците при имплементација на Нансен моделот за интегрирано образование” во која присуствуваа Вискокиот комесар за национални малцинства-Кнут Волебек и градоначалникот на општина Василево, преставник од БРО- подрачна единица Тетово и Раководители на Сектори за образование при општините Струмица и Чаир. Присутните ги споделија нивните искуства во однос  на предностите и предизвици те поврзани со започнувањето  и имлементацијата на проектот “Нансен модел за интегрирано образование” во нивните општини.