Два интеркултурни ресурсни кабинети се свечено отворени на 06.15.2021 на Институтите за педагогија и психологија, како резултат на плодна соработка помеѓу Филозофскиот факултет и НДЦ Скопје, во насока на зајакнување на интеркултурните компетенции на студентите.

На настанот присуствуваа заменик амбасадор Геир Јохансен, заменик министер за образование и наука Арафат Шабани, деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев, извршниот директор на НДЦ Скопје Ветон Зеколи како и раководителките на институтите проф. д-р Јасмина Диздаревиќ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Опремувањето е овозможено со финансиска поддршка на Министерство  за надворешни работи на Кралство Норвешка и Норвешката амбасада во Белград.