Во текот на февруари 2019., наставниците Лилјана Ставреска, Бастри Ристеми и Гордана Мојсоска со учениците од седмо одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “21. век во ритамот на музиката, Светска музичка сцена” од Музичката секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Тема на дневната активност беше  “Фестивали”, учениците дискутираа заедно и напишаа поими кои ги асоцираат на дадената тема.  Поделени во групи учениците ја реализираат активноста: Јас во улога на жири комисија на фестивал. Секоја група состави ранг листа на  3 најдобри пејачи, пеачки и хитови од 2018.

 Цели на оваа активност се: поддржување позитивна емоционална клима во групата, потхранување на креативните творечки потенцијали кај учениците преку самостојно музичко творење и изразување како и сензибилизирање на учениците за препознавање на естетската компонента и уметничката вредност во различни видови музички остварувања.