На 18. февруари 2019. година, наставниците Дарко Талески и Наташа Забрчанец со учениците од шесто одделение реализираа активности во рамки на темата “Бои и тонови” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Наставниците ги појаснија видовите на бои и нивната поделба на ладни и топли бои и пред учениците презентираа примери на ликовни дела во кои се применети топлите и ладните бои. Потоа учениците во групи нацртаа и боеја разни форми кои ги асоцираат учениците на некоја боја, пр. жолта боја – сонце, лимон и сл. На крај, секоја група ги постави изработените форми на постер, притоа внимавјќи на правилна распределба на топли, ладни бои, ставајќи ги во соодветната колона, а исто така ги напишаа имињата на боите на македонски и турски јазик.

Цели на активноста се: поттикнување на креативен потенцијал кај учениците преку комбинирање на топли и ладни бои, конструктивно меѓусебно соработување, помагање при реализирање на заеднички активности, како и поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура.