(29.10, 2009) На 29 октомври училиштето го посети г-дин Тор Халгесен – директор на основното мултиетничко училиште Тојен во Осло, Норвешка.
Халгесен имаше можност да се запознае со годишните планови и програми на училиштето и со практичната имплементација на двојазичноста во наставата.
Со тимот на НДЦ Скопје и вработените во училиштето беа разгледани можностите за идна заедничка соработка односно размена на искуства помеѓу двете училишта.
За време на посетата присуствуваше и г-га Бенте Кнагенхлем, претставник на Менаџментот на Нансен Мрежата во Норвешка.