На 6. март 2019. година наставниците Јагода Димовска и Изет Јусуфи со учениците од шесто и седмо одделение, реализираа заеднички активности во рамки секцијата Запознај ја Македонија од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активностите започна со воведна игра, а потоа следеше дискусија околу македонската и албанската традиција во поглед на традиционалните песни. Се разговараше за тоа какви песни се пеат во одредени настани, се набројуваа неколку познати традиционални македонски и албански песни. Како карактеристични и познати се издвоија две песни: ,,Македонско девојче” и ,,Mora rrugë kah Manastiri” (Тргнав на пат кон Битола) кои учениците ги научија и ги испеаа. Во завршниот дел на активностите учениците играа традиционално македонско и традиционално албанско оро на гореспоменатите песни.

Целта на активностите се: потхранување љубов кон татковината, како и почитување на културните различности во Р. Македонија, продлабочување на интересот кај учениците за истражување на народното музичко наследство на повеќе етнички групи во Р. Македонија, развивање толерантен и космополитски поглед и дух кон различностите од јазичен, етнички, верски, културен карактер.