Сплотувачки и креативен. Ова се само дел од карактеристиките на Тренинг центарот за интеркултурно образование на Нансен дијалог центарот од Скопје (НДЦ) кој е отворен во 2012 година.

Во Центарот се обучени над 1.000 наставници за одржување настава со користење на интеркултурната компонента во неа. Сега секој наставник, без оглед од која средина доаѓа, може лично да аплицира за посетување на овој тренинг за интеркултурно образование и да се стекне со меѓународно признаен сертификат.

Со теоретска и практична обука, Тренинг центарот обезбедува личен и професионален развој на наставниот кадар.

Тренинг центарот на НДЦ е прв ваков ресурсен центар во државата и регионот. Посветено, стручно и плански ја развива интеркултурната перспектива на образовниот систем во Северна Македонија. Центарот е во постојана соработка со Министерството за образование и наука, Координативното тело на националната стратегија „Едно општество за сите и интеркултурализам“ и Советот за интегрирано образование на Северна Ирска.

Обуките ги одржуваат домашни и меѓународни обучувачи со долгогодишно искуство во интегрираното и интеркултурното образование. За квалитетот на стекнатите знаења говори и податокот дека 60 насто од обуката е теоретска, а 40 насто практична.

Кратка статистика за Тренинг центарот на НДЦ: 350 обуки, 12 предавачи, 40 групи учесници, 15 конференции во периодот од осум години постоење.

По успешно завршената обука, секој наставник добива меѓународно признаен сертификат кој им помага на наставниците во нивниот кариерен развој.