Од 11-13 март, 2011 година, во Охрид, Нансен Дијалог Центар Скопје организираше тридневен семинар на тема „Двојазичната компонента во воннаставните активности“.

На семинарот учествуваа професори и наставници од интегрираните училишта во Јегуновце и Струмица, претставници на сектотрот за образование и Бирото за развој на образованието од Струмица. Како предавачи на семинарот беа поканети Проф. Др. Анн Келехер и Кели Рајан од Пацифичкиот Лутерански Универзитет од Тахома, Сиетл, Соединетите Американски Држави и  Генц Горанци – проект координатор во Нансен Дијалог Центарот од Сараево, Босна и Херцеговина. Претставниците од ПЛУ го презентираа образовниот систем во неколку држави во САД и што всушност се превзема во аспект на интеграција во образованието. Oвие две теми беа многу интересни за учесниците по што следеа и многу прашања. Претставникот на НДЦ Сараево ги презентираше активностите  од проектот што се имплементира во општините Сребреница и Братунац, предизвиците со кои се соочуваат во тие две општини, сегрегацијата во овразовниот систем во училиштата во БиХ и активностите кои што се превземаат од страна на НДЦ Сарајево во училиштата од двете општини.

По презентациите од САД и БиХ следеа презентации од страна на Тимот за образование и развој на Нансен Дијалог Центар Скопје.

Биљана Крстевска-Папиќ, Теута Рамадани Расими и Аница Оносимоска го заокружија првиот работен ден, со презентација на две осмомартовски приредби, коишто беа анализирани и послужија како основа за изготвување на повеќе препораки за креирање на квалитетен излезен продукт во рамките на воннаставните активности.

Вториот работен ден тимот за ЕОР ја оддржа интеркативната работилница на тема: Двојазична компонента во воннаставните активности, преку која беа разработени обележјата на двојазичниот приод и улогата на парафразирањето како линк помеѓу два јазици.

Семинарот беше позитивно оценет од страна на учесниците и беа дадени препораки за да се организира уште еден семинар од овој вид.

Семинарот е финансиски поддржан од Скретаријатот за спроведување на рамковниот договор при владата на РМ.

За повеќе фотографии, кликни тука.