Во периодот од 15. до 17. април 2011 година се одржа тридневен семинар на тема: игровната компонента во воннаставните активности. Семинарот го отвори претставник од СИОФА г-ѓица Хајрије Елези. Во текот на семинарот наставниците и професорите вклучени во реализацијата на интегрирани двојазични воннаставни активности имаа прилика да ги слушнат предавањата на проф. Ан Келехер и Кели Рајан од Pacific Lutheran University, проф.Стајнер Брин директор на Нансен мрежата за Балканот , Сузана Аготиќ претставничка од НДЦ Осијек, заменик директорката на Бирото за развој на образованието г-ѓа Ајше Селмани како и г-дин Јашар Касами од Државниот просветен инспекторат.
Преку голем број на практични задачи учесниците имаа непосредна прилика за надградување на своите знаења и вештини во примената на играта како носечки метод при изведување на активности во групи со мешан етнички состав.