Во текот на февруари 2019., наставниците Џејлан Исмаили и Лидија Серафимовска заедно со учениците од трето одделение спроведоа воннаставни интеркултурни активности според Нансен модел, во рамки на месечната тема “Храна” од Секцијата Запознај ја Македонија.
Темата на дневната активност беше “Од трпезата на мојата баба”. Учениците дискутираа за традицијата, односно традиционалните јадења во нашата земја, какви јадења се приготвуваат и кои им се најомилените традиционални јадења. На активноста беа поканети две домаќинки од двете етнички заедници кои носеа традиционална приготвена домашна храна. Учениците активно учествуваа во активностите и со задоволство соработуваа во изработка и украсување на трпезата, се дружеа притоа вкусувајќи ги јадења изработени од нивните баби.
Цели на овие активности се: развивање толерантен и космополитски поглед и дух кон различностите од јазичен, етнички, верски карактер, збогатување на активниот речник на учениците со повеќе културно-социјални фрази вообичаени за различни пригоди, празници, поттикнување на почитување, помагање и соработување при извршување на активностите како и развивање на чувството на радост и задоволство при учењето низ игра.