На 8 јуни 2012 год. во просториите на ОУ Фридтјоф Нансен- с. Прељубиште, општина Јегуновце се реализираше завршната приредба по повод крајот на учебната година со наслов “Пат околу светот” подготвена и реализирана од страна на учениците од трето и четврто одделение и наставничките тандеми кои работат на реализација на интегрираните воннаставни активности во рамките на проектот Нансен модел за интегрирано образование. На приредбата присуствуваа голем број гости и преставници од НДЦ Скопје, училишната управа како и голем број родители, наставници и ученици. Приредбата ја карактеризираше разновидната костимографија и одличната изведба од страна на учениците.