На 28 март 2014 година, менаџерот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје, Билјана Крстеска–Папиќ, учествуваше на конференцијата со наслов „Образование и дијалог“ организирана од страна на Нансен дијалог центар Сараево.
Крстеска-Папиќ го претстави позитивното искуство и резултатите од развојот и имплементацијата на Нансен – моделот за интегрирано образование во Р. Македонија.
Во текот на конференцијата, учесниците имаа можност да го проследат предавањето на проф. Инге Ајдсваг од Академијата Нансен на тема: „Улогата на наставниците во образовниот процес“. Документарниот филм „Повторно заедно“ од Џон Хоукланд беше проектиран на последната сесија од конференцијата проследена со серија прашања и одговори предводена од проф. Стеинар Брин, основач на Нансен дијалог мрежата, и виш советник при Нансен центарот за мир и дијалог во Лилехамер, Норвешка.