(20.10.2010) Сите ученици од второ и трето одделение во ИДОУ се активно вклучени во ликовниот конкурс на тема: Луѓето го градат мирот, организиран од страна на НДЦ Србија, којшто ги има следниве цели:

– запознавање на учениците со идејата за Меѓународниот ден на мирот,

– отворање на можности за нивно учество во регионални мировни активности, како и допринос кон помирувањето и оддржувањето на мирот во регионот на Западниот Балкан.