На 9 и 10.10.2010г. учениците од двата класа од ИДСУ од с. Прељубиште, учествуваа на општинската манифестација ,,Open Fun Football Schools“ (Отворени забавни школи за фудбал) во Јегуновце кои имаат за цел да го промовираат фудбалот, спортот, здравиот начин на живеење и дружење на деца од училишна возраст од различни етникуми од две општини, Брвеница и Јегуновце.
Дванаесет ученици работеа како асистенти на лидерите и им помагаа во извршување на активностите. Имаа задача да им помогнат на учесниците во извршување на задачите на секој дел од различние спортски терени.
Реализацијата помина во одлична атмосфера, со многу дружење, смеа и забава во која сите учесници беа победници.
Учесниците – учесници добија маичка и капче, а училиштето доби неколку топки и спортски реквизити за реализација на спортските активности.