(21.04.2011) На 21 април 2011 год по повод одбележувањето на „Денот на детето – 23 Април“ учениците од интегрираните паралелки при ООУ„Маршал Тито“ учествуваа на манифестацијата која по тој повод  се одржуваше во домот на културата со претставата „Каде е сонцето“.
Меѓу бројните посетители во домот на културата  забележително беше присуството на градоначалникот на општина Струмица г-дин Зоран Заев, претставник на турската амбасада г-дин Мустафа Килич, родители и наставници.