Тимот на НДЦ Скопје учествуваше на Меѓународна научна конференција, по повод 75 години Институт за педагогија, а посветена на воспитно-образовни предизвици и перспективи. Трудот: Интеркултурна трансформација на воспитно-образовниот процес претставен на конференцијата ја отсликува мисијата, визијата и долгогодишното искуство на НДЦ Скопје во сферата на интеркултурното образование.