(18.11.2010) Љубопитноста за проектот на ИДОУ во ООУ„ Маршал Тито“ – Струмица ги наведе организаторите на детската емисија „За сите деца“ на локалната ТВ станица ВИС на 18.11.2010 год да им отстапат 120 минути од медиумскиот простор на учениците од ова училиште. Вешто искористувајки ги минутите пред камерите се претставија како што знаат децата најдобро, преку песна, игра, глума, рецитација на македонски и турски јазик, и секоја детска грешка беше слатка проследена со смеа. Емисијата беше добро прифатена како од учениците така и од нивните родители и пријатели. Песните и игрите им беа различни, а радоста иста.