Дваесет и шестиот форум на Нобеловата награда за мир се одржа на 1, 7, 8 и 9 март во Минеаполис, во кампусот на колеџот Аусбург и Универзитетот на Минесота. Форумот беше составен од четири различни настани: 1 март – ден на мирот и религијата, 7 март – ден на правото и бизнисот, 8 март – ден на науката и здравјето и 9 март – глобален ден.
Стеинар Брин учествуваше на денот на мирот и религијата, каде што исто така учествуваа Далај Лама и Хелен Прејеан. Брин даде осврт по однос на напорите за градење на мирот, потенцирајќи дека финансиските средства кои се наменети за активностите не се посветуваат доволно на дијалогот и помирувањето.
Фокусот беше насочен кон суштинското значење на дијалогот и како да се надминат најголемите предизвици на олеснувачите на дијалогот. Сесијата беше емитувана преку Google Hangout и во неа учествуваше и проект-менаџерот при НДЦ Скопје, Ветон Зеколи. Зеколи го сподели искуството на Нансен дијалог центар Скопје по однос на дијалогот, предизвиците и постигнатиот успех во полето на дијалогот и помирувањето како и влијанието на долгогодишната соработка со академијата Нансен во Лилехамер, Норвешка.