На 23 мај, 2013 година, учениците и наставниците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование од основното училиште Страшо Пинџур- општина Карбинци, беа на еднодневна екскурзија во Скопје. Во текот на екскурзијата, учениците ја посетија Зоолошката градина и Турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје. Екскурзијата беше организирана и финансирана од страна на НДЦ Скопје.
