На 15 мај, 2013 год. учениците вклучени во проектот „Нансен модел за интегрирано образование“ при основното училиште „Рајко Жинзифов“ (Исмаил Ќемали), ја посетија касарната Илинден во Скопје. Претставниците на македонската армија организираа една обиколка на касарната при која презентираа дел од секциите на армијата, вклучувајќи ја опремата која се корсти од страна на АРМ и дел од заштитната опрема. Обиколката на касарната заврши со мал излет на армискиот видиковец, каде учениците уживаа во прекрасниот поглед на град Скопје и се освежија со пакетите производи понудени од страна на претставниците на касарната Илинден.