(20.01, 2009) По повод престојниот празник Денот на жената, на ден 20.02.2009 во нашето училиште беше организирана и реализирана заедничка работилница “Со мама, за мама” Во работилницата учествуваа 17 мајки, 24 ученика и 4 наставнички, a сновни цели и задачи на ова работилница беа меѓусебно запознавање на мајките од двете различни етнички, верски, културни и јазични групи, развивање на позитивна слика за групата како и градење на чувство за припадност во групата, потикнување на позитивно социо-емоционална клима во групата, унапредување на соработката, изработка на апликации кои ќе послужат за декорација на училиштето, изработка на венчиња, беџеви и цветови потребни за сценографијата на приредбата која ќе се одржи на 8-ми Март 2009 година.
Учениците беа пресреќни, опуштени, мотивирани и посигурни во извршувањето на зададените задачи бидејќи работеа и твореа заедно со своите мајќи кои беа задоволни и расположени за понатамошно соработка, меѓу другото тие предложија да бидат организирани и други вакви средби и работилници.
За најголем број од присатните мајки ова беше прво искуство од ваков вид што е јасен показател и индикатор за оправданоста на работилницата.