(21.04, 2009) На 21.04.2009 Третиот ден од христијанскиот празник Велигден учениците и наставничките од Интегрираното училиште “Фридтјоф Нансен“ беа во посета на семејството Мисајловски во село Ратае, општина Јегуновце.

Целта на посетата беше учениците од ИДОУ да се запознаат со традиционалнате велигденски обичаи и фрази кои се употребуваат при честитање на празникот Велигден.За топлиот прием на учениците и наставничките во својот дом се погрижија Јовица и Радмила Мисајловски – родителите на ученичката во ИДОУ – Ангела Мисајловска.

За учениците ова беше прво искуство од ваков вид и следната посета е планирана за муслиманскиот празник Бајрам каде што учениците ќе посетат семејство на еден соученик од село Шемшово, општина Јегуновце.