На 7 мај, 2013, родителите на учениците од првото интегрирано училиште во Прељубиште, општина Јегуновце организираа заедничка Велигденска вечера подготвена од родителите и наставичките со поддршка на НДЦ Скопје. Вечерата беше одлична прилика за заедничка прослава и дружење. Заедничката прослава на традиционалните празници е предвидена во Годишната програма за соработка со родителите како и во Годишните програми за интегрирани воннаставни активости со цел зближување на родителите, учениците и наставниците и подигнување на свеста за почитување на различните култури и традиции.
