На 13. март 2019. година, наставниците Дарко Талески и Наташа Забрчанец со учениците од шесто одделение ја реализираа активноста “Виножито” во рамки на темата “Бои и тонови” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.
Активноста беше придружена од разни игри. Учениците работеа во парови и со меѓусебна помош ги прецртуваа рацете врз листови од боја. Цртежите на раце ги исекоа и ги поставија врз голем лист хартија во форма на виножито.
Цели на активноста се: поттикнување на креативен потенцијал кај учениците преку комбинирање на различни бои, повторување на основните и секундарните бои како дел од ликовните продукти, конструктивно меѓусебно соработување, помагање при реализирање на заеднички активности, како и поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура.