Во период од 12. до 15. март 2021. се оддржува виртуелна експертска школа фокусирана на Shared society во која се вклучени експерти и посветни практичари од Израел, С. Ирска, Белгија, Норвешка, Германија, С. Македонија и Косово.

Сите планирани настани се организирани со цел осветлувањето на комплексната тема: Социјална кохезија и поларизација.

Првиот работен ден е отворен со говорот на г-дин Робер Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, преку кој беше претставена долгорочната улога и важност на Националната Стратегија за развој на концептот Едно општество и интеркултурализам.

Богатата и плодна дискусија поттикната по претставувањето на искуствата и предизвиците од нашата држава, најави уште една исклучително важна и продуктивна ескпертска школа.