Во текот на февруари 2019. година, наставниците Сашка Делова и Зана Амедовска Сељимоска заедно со учениците од седмо и осмо одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Како да се заштитиме од болестите” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни активности.
Преку различни игри и дискусии учениците се запознаваа со дневните теми. Тие гледаа информативни видеа за вируси и бактерии од кои научија кои бактерии не се штетни за човечкиот организам, кои се штетни и како да се заштитат. Во групи решаваа квиз подготвен од нивните наставници и изработија постер со искази од содржината на дневните теми.
Цели на активностите се: поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, поддржување тимска и тандемска соработка при организирање еко – проектни задачи, како и оспособување на учениците за одговорно и навремено применување на здравствено-хигиенските навики во насока на заштита на личното здравје.