На 22 март, 2012 Високиот Комесар за малцински прашања при ОБСЕ г-дин. Кнут Волебек се сретна со тимот на НДЦ Скопје и група родители од училиштата кои го применуваат Нансен моделот за интегрирано образование. Состанокот се оддржа во салата за конференции при Холидеј ин во Скопје. Целта на состанокот беше да се слушнат ставовите и размислувањата на родителите околу последните случувања и инциденти што се случија помеѓу учениците и околу меѓуетничките тензии во мултиетничките општини. Исто така, родителите ги споделија нивните ставови по однос на придобивките на учлиштата кои го применуваат Нансен моделот за интегрирано образование и предизвиците со кои се соочува македонскиот образовен систем.