На 25. февруари 2019. година наставниците Мерита Исмајловска и Валентина Босилковска заедно со учениците од второ одделение ја реализираа воннаставната активност “Во авто школа”.

За реализација на оваа активност, учениците посетија една авто школа и имаа можност одблиску да разберат кој може да вози автомобил, велосипед и други сообраќајни средства и како се станува возач. Тие исто така гледаа видеа и имаа можност да поставуваат прашања околу тоа што ги интересира.

Цели на активноста се: воведување на учениците во основите на симболичката писменост, запознавање со правилата во сообраќајот и со улогата на авто школата, како и со критериумите како да се постане возач. Воедно цели беа и поттикнување и развивање на логичко, флексибилно, дивергентно и критичко мислење кај учениците.