(03.03.2011) Дел од учениците и наставничките од проектот за интегрирано и двојазично образование, на 03.03 2011 година беа во официјална посета кај градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Целта на посетата беше остварување на желбата на учениците лично да го поканат градоначалникот да присуствува на претстојната приредба која ја организираат учениците во нивното училиште по повод празникот на жената 8-ми март. Учениците и наставничките беа срдечно пречекани од градоначалникот кој ја прифати поканата да присуствува на приредбата и со тоа им ја оствари желбата на учениците.