Во текот на ноември. 2018, наставниците Еглантина Муслиу и Вјолца Рамадановска заедно со учениците од трето одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Во здраво тело, здрав дух” од Секција Мали истражувачи на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.
Активностите беа составени од воведни игри и дискусии со цел учениците да се запознаат со дневните теми кои беа: Како функционира срцето? , Како растат коските? , Зошто се менуваат забите?. Учениците поделени во групи изработија изработки во врска со темите, и нивните финални изработки ги презентираа пред своите соученици.
Цели на овие активности се проширување и продлабочување на детските искуства и знаења за човековиот организам и неговите специфичности, збогатување на активниот вокабулар кај учениците со поими во врска со одбраните програмски ситуации, сензибилизирање на учениците за важноста на одговорното однесување како предуслов за зачувување на здравјето, како и оспособување на учениците за самостојно презентирање на резултатите од спроведените истражувања.