Во текот на февруари 2019. година, наставниците Јасмина Ефремоска и Лулјета Азири, заедно со ученици од прво одделение реализираа воннаставни воведни активности преку кои ги запознаа учениците со Нансен моделот.
Активностите беа придружени со разни воведни игри, чија цел беше учениците да се запознаваат, да соработуваат за време на нивната реализација и да се развива позитивна клима за работа. Учениците покажаа интерес и подготвеност да учествуваат во активностите.