На 5. февруари 2019. година, наставниците Виолета Паревска и Лулјета Керими со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Железнички сообраќај” од Сообраќајната секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

При реализацијата на дневната активност “Воз” учениците поделени во три групи, моделираа возови од разни материјали, нацртаа железница на која ги поставија моделираните возови и на крајот реализираа изложба со готовите изработки.

Цели на активноста се: проширување на предзнаењата на учениците за железничкиот сообраќај, збогатување на активниот речник кај учениците со нови поими од областа на сообраќајот, усвојување на културно – социјалните фрази неопходни за правилно и културно однесување при користење на железничкиот сообраќај како и продлабочување на конструктивните соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници.