Во текот на февруари 2019. година, наставниците Даниела Младеновска и Теута Бедиу ја реализираа активноста “Врапчето Сивко” во рамки на месечната тема “Првиот снег” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за прво одделение.
Активноста започна со воведна игра, а потоа децата во групи, користејќи разни материјали сечеа, лепеа и обликуваа врапчиња и куќички за врапчиња.
Цели на активноста се: стимулирање на креативната фантазија каj учениците, запознавање и правилно именување на подлоги и прибор за сликање и оспособување на учениците за самостојно организирање на елементите во просторот (просторни релации: горе-долу, лево-десно).