(28.12.2010) Во новогодишен и божиќен амбиент, низ игра и песна учениците од двете први одделенија ја испратија старата година и го најавија доаѓањето на новата 2011 година. Во присуство на нивните родители, претставниците на НДЦ-Скопје како и градоначалникот на општина Струмица, г-дин Зоран Заев, учениците го пречекаа Дедо Мраз кој ги награди со симболични подароци.
