Во текот на февруари 2019. година, наставниците Рухије Сали и Билјана Нарашанова заедно со ученици од петто одделение ја реализираа дневната активност “ПВЦ” во рамки на месечната тема “Загадувачи и опасности” од Еко секцијата на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста започна со воведна игра која ја реализираа поделени во парови. Учениците дискутираа за ПВЦ симболите, а потоа поделени во две групи изработија кутија за складирање ПВЦ производи со ПВЦ симболи која ја обложуваат со материјал во боја за да биде забележителна и да ги потсетува луѓето да ја собираат пластичната амбалажа на посебни места.

Цели на оваа активност се: поттикнување соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура, успешно тандемско и тимско реализирање на проектните задачи, развивање свест за  класифицирање на пластичниот отпадот во посебни контејнери како и оспособување на учениците за самостојно применување на техниката: рециклирање отпаден материјал.