На 8 ноември, 2013 год. НДЦ Скопје го одбележа започнувањето на основното ниво на обука за Нансен модел за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот во која ќе бидат вклучени учесниците од третата група кои се добитници на целосните стипендии за следење на основното ниво на обука. Извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски и претставниците на тимот за едукација обука и развој им посакаа добредојде на новите учесници.

Учесници од третата група со целосна стипендија се наставници и професори од следните училишта односно општини: ООУ Гоце Делчев- Гостивар, ОСУ Мирко Милески/ ОСУ Дрита- Кичево, ООУ Рајко Жинзифов / ООУ Исмаил Ќемали, Чаир- Скопје, ООУ Славчо Стојменски-Виница, ССОУ Моша Пијаде- Тетово, ООУ Ванчо Прке- Делчево, ООУ Ванчо Китанов, с. Црник- Пехчево, Детска градинка, с. Црник- Пехчево.

Учесниците го започнаа основното ниво на обука со првата работилница на тема: „Обележја на Нансен модел за интегрирано образование“. Наставниците ја изразија нивната желба и мотивација за учество на основното ниво на обука со цел да стекнат нови знаења и вештини од полето на интегрираното образование.