На 30 октомври 2014 започна процесот на обука за наставниците од 7-ма група кои се учесници на основното ниво за обука во интегрирано образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје. На учесниците им се обрати извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски, менаџерот на Тренинг центарот, Билјана Крстеска -Папиќ и координаторите и обучувачите во рамките на тимот на едукација на НДЦ Скопје Сонај Билал и Осман Емин.

По обраќањата, учесниците продолжија со првата работилница од основното ниво за обука за интегрирано образование. Групата на учесници е составена од тандеми од наставници од мултиетницки основни и средни училишта на Р. Македонија. Ова е седма група наставници запишани во рамките на Програмата за Наставниците и училишниот персонал кои добиле стипендии за обука од НДЦ Скопје.